Карамел штангли (посно, веган)
Ова се фантастични штангли по вкус, со корисен состав, без шеќер и со малку потрошено време за подготовка.

1. Во сечко ги мелеме индиските ореви и урми се додека смесата да стане леплива. Ако не е може да додадеме една лажица вода. Ја редиме смесата во тавче или тањирче и ја ставаме во фрижидер или замрзнувач.
2. Состојките за карамелот ги мешаме во еден сад со лажица при што ќе добиеме мазна карамел структура со која ќе ја премачкаме основата. Го враќаме 10-15 минути во замрзнувач.
3. За тоа време го подготвуваме чоколадниот прелив. Кокосовото масло го растопуваме и го мешаме со останатите состојки. Го премачкуваме колачот со него при што треба да имаме на увид дека колачот е ладен и дека затоа кремот лесно ќе се стврдне, па тоа го правиме набрзина.

Предупредување!!! Нема да застанете на една!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани