Карамел штангли (посно, веган)
Состојки
- За основа
- 1/2 чаша урми
- 1 и 1/2 чаша индиски ореви
- 1 лажичка екстракт од ванила
- За карамел крем
- 1/2 чаша таан
- 1/2 чаша мед, јаворов или агаве сируп
- 1/4 чаша кокосово масло (растопено)
- 1 лажичка екстракт од ванила
- прстофат сол
- За чоколаден прелив
- 1/2 чаша кокосово масло(растопено)
- 4 лажици рогач во прав
- 3-4 лажици мед, јаворов или агаве сируп
Подготовка
Карамел штангли (посно, веган)
Ова се фантастични штангли по вкус, со корисен состав, без шеќер и со малку потрошено време за подготовка.
1. Во сечко ги мелеме индиските ореви и урми се додека смесата да стане леплива. Ако не е може да додадеме една лажица вода. Ја редиме смесата во тавче или тањирче и ја ставаме во фрижидер или замрзнувач.
2. Состојките за карамелот ги мешаме во еден сад со лажица при што ќе добиеме мазна карамел структура со која ќе ја премачкаме основата. Го враќаме 10-15 минути во замрзнувач.
3. За тоа време го подготвуваме чоколадниот прелив. Кокосовото масло го растопуваме и го мешаме со останатите состојки. Го премачкуваме колачот со него при што треба да имаме на увид дека колачот е ладен и дека затоа кремот лесно ќе се стврдне, па тоа го правиме набрзина.
Предупредување!!! Нема да застанете на една!