Карамел гриз крем
Во тенџерче(суво) се става шеќерот да се стопи. Немој да го изгорите бидејќи ќе има горчлив вкус. Се` трга настрана и се супува млекото и ванилата. Се враќа на оган и се меша со лажица или вилушка или жица за матење карамелот на почетокот од ставањето на млекото ќе се направи како камен ама не грижете се и внимавајте да не се изгорите бидејќи прска. Оставете млекото (со малку примешување) да зоврие и сипајте го гризот.
Мешајте непрестането. Варете околу 5-10 мин. гризот да се свари и набубри, згусти. Уште топол ставјте во навлажнети калапи за крем или чаши.
Од овој крем јас ставив во 6 пластични чаши по 170 мл. Чашите ставете ги во фрижидер да се стегнат. Околу 1час е доволно. Може да го отпревртите или да го јадете од чашата или модлата. Прелејте со мед или карамел, стопено чоколадо, посипете чоколадо на коцки или рендано.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
se razbira poveke lici koga ima nesto na nea:)