Какао сладолед со бисквити
Јајцата може да ги зготвите на пареа, ако не користите органски или се плашите да користите.
Одделете ги белките од жолчките, белките матете ги во цврст снег со прстофат сол. Додавајте една по една лажица од шеќерот и матете додека се стопи, додавајте ги жолчките и какаото изматете и оставете настрана.
Во друг длабок сад изматете ја слатката павлака во цврста крема. Слатката павлака додајте ја во смесата од јајца, додадете ги и бисквитите изматете уште еднаш и ставете го сладоледот во пластично кутивче од 2,500 мл. оставете го сладоледот преку ноќ да се стегне. Пред употреба оставете го малку да се отпушти.
Ако јајцата ги готвите на пареа гответе ги додека направат ``пат`` , јајцата изматете ги со шеќерот и какаото додека шеќерот се растопи. Пред да ја додадете слатката павлака оставете го малку кремот да се олади, само малку, уште да биде течен кога ќе ја додавата слатката павлака. =)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови