Интерконтинентал торта со бело чоколадо
Една роденденска торта и од мене.
Среќен роденден Делимано. Нека ви се множат години со успех.
Подгответе го пандишпанот.
Бечките убаво изматете ги со шеќерот, нека се добие убав снег.
Додадете ги мелените печени лешници и лажицата брашно која е помешана со прстофат пециво и какао.
Мешајте со шпатула.
Префрлете во обложен калап.
Печените пандишпани филувајте ги со следниот фил.
Жолчките ќе ги изматите заедно со шеќерот додека не добиете убава пенлива смеса.
На страна помешајте 200 мл млеко со густинот.
Откако ќе го изматите добро, да нема грутчиња помешајте го со жолчките.
Остатокот од млекото ставете го да зоврие, потоа додадете ги жолчките и мешајте убаво да добиете убав крем.
Оставете го да излади.
Путерот изматете го пенесто и вратете го во кремот.
Промешајте убаво и поделете на три дела.
Во едниот дел ставете бело растопено чоколадо, во другиот дел ставете црно растопено чоколадо и во третото додадете ги мелените лешници.
Филувајте по свој вкус,по ваш редослед.
Нека ви е слатко.
Забелешка
Јас ги сечев пандишпаните според потребата на големината.
Остатокот од ронките, ги додадов како четврта кора, па искористив дел од филот и ја обложив цела торта.
Декорирав со трошки од чоколада и листови бадем.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови