Ги најдов колачиве на интернет и веднаш ги направив. Излегоа одлични, па да ги споделам со вас.
Се замесува тесто од горенаведените состојќи (без бананите и чоколадото). Тестото треба да биде доволно цврсто за да може да се расука на работната маса и да се вадат форми. Мене ми требаше нешто повеќе брашно од дадената количина, што веројатно зависи од типот на брашното.
На набрашнета површина и со набрашнета сукалка се развлекува кора со дебелина од 0,5 см од која со калапче или со чашка се вадат форми кои ќе бидат долната подлога на колачите.
Потоа, од остатокот се развлекува повторно кора, сега нешто потенка. Формите кои се вадат сега (треба да бидат во ист број како претходните) се користат за покривање на филот на колачите.

Сега, во тепсија на хартија за пешење наредете ги кругчињата или во мојот случај коцките од подебелата кора. На секое од нив ставете по едно кругче банана и одозгора по пола коцка чоколадо и покријте со потенката кора. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 мин колку да се запече-порумени тестото.
Внимавајте да не се исушат многу. Во рецептот беше напишано да се печат 20 тина минути кај мене беа готови за 10 тина мин. Наизглед обични колачи, но со првото залче се открива богатито вкус на топла банана/чоколадо комбинација. Одлични се!
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови