Интегрално - oвесни колачиња
Ако сте љубители на интегрални колачиња, тогаш ова е идеален рецепт за вас, готови се за брзо време, со едноставна подготовка, идеални со чаша млеко.
Подготовка
1. Прво го топиме путерот и го оставаме да излади.
2. Потоа во чашката од нутрибулетот ги ставаме овесните снегулки, сувото грозје, кокосот, циметот и медот. Блендираме во неколку наврати до хомогенизирање. Оваа смеса ја префрламе во длабок сад.
3. Додаваме 1 јајце (претходно изматено само со вилушка), па ги додаваме и интегралното брашно и пецивото. Замесуваме компактно тесто.
4. Сега зимаме мрсна хартија за печење, на неа ја ставаме смесата за колачињата, преклопуваме со хартијата и со помош на сукало го расукуваме тестото со дебелина од 5мм.
5. Со помош на калапче за колачиња (во форма по желба) ги вадиме колачињата и ги редиме во плех (врз кој имаме ставено мрсна хартија за печење). Остатокот од тестото повторно го премесуваме и расукуваме на истиот начин до негово потрошување.
6. Колачињата ги печеме во загреана рерна на 180 степени до благо поруменување од долната страна (јас печев точно 17 минути).
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани