Интегрални протеински крекери
Семките од сусам, сончоглед и тиква претходно се потпечуваат на тефлонска тава. Чиа семето се остава потопено во вода (доколку немате чиа истото може да го замените со цело зрно ленено семе- тоа исто како и чиата се разлигавува и убаво го соединува тестото.) Се мешаат сите брашна меленото ленено семе и коноп, прашокот за пециво, виното маслото, потпечените семки и потпеното чиа семе. Се додава сол и се замесува тесто. Се додава брашно доколку е лепливо и се рассукува.
Со чашка или калапчиња се обликуваат форми, се редат во плех предходно обложен со хартија за печење и се ставаат да се печат во загреана рерна на 220 степени околу 15 минути додека не добијат златна боја. Се вадат и се оставаат да се изладат.
Колку повеќе време стојат толку се покрцкави и повкусни, а истовремено и богат извор на протеини, и масни киселини како омега3, омега6 и омега9. Пријатно!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови