Превкусни ѓевречиња, лесни за подготовка.
Прво квасецот го ставаме во млаката вода, ги додаваме сите останати состојки и убаво
мешаме со лажица, па месиме тесто. Доколку е лепливо додадете уште малку брашно
(тестото треба да е средно меко).
Тестото не треба да стасува туку веднаш се прави валјак од кој вадиме околу 10 топчиња
кои ги формираме како ѓевреци (околу 10 цм)
Во еден сад ставаме топла вода и додаваме лажица мед и мешаме да се стопи медот.
Секој ѓеврек го макаме во водата со мед, па го валкаме во семињата.
Готовите ѓевреци ги ставаме во плех обложен со пек хартија. Ги печеме на 200 степени
додека малку се зацрвенат(околу 15 мин)
Печените ѓевреци се вкусни и топли и ладни!