Иванденска погача
Наместо кравајчиња, за Иванден овој пат подготвив погачка.
1. Во сад ги ставаме состојките за квасот, ги мешаме и оставаме да се активира квасецот.
2. Ги додаваме течните состојки (сокот од портокал, маслото и водата), шеќерите, мешаме и потоа постепено го додаваме брашното (претходно просејано).
3. Месиме додека да добиеме меко но малку лепливо тесто. Со намрсени раце го обликуваме во топка, ставаме израндана кора од портокал и остваме да нарасне дупло.
4. Тестото пак со намрсени раце го ставаме на подлога со посоп од брашно, рассукуваме кора 1 см. и сечиме кругови со модла со пречник од 9 см.
5. Во намрсена со маргарин тава бр.26 ги редиме скалесто круговите (како на дополнителната слика), на средина ставаме свиткани кругчиња.
6. Премачкуваме со масло, ги редиме шарените шеќерчиња, посипуваме со малку шеќер и оставаме погачата пак да нарасне.
7. Потоа погачата ја ставаме во загреана рерна на 200 степени 20 минути и уште 10 минути на 180 степени. Ја вадиме од рерна и премачкуваме со стопен шеќер со малку вода.
За многу години да е Иванден, честит именден на сите што го слават.
Лиценца: Сите права се задржани
Cestit imendan na kerkata
Синоќа доцна ја правев погачава и сликата едвај ја доловив, ама ептен мека и вкусна излезе, поздрав ...
Фала ти и за коментарот за рецептот ... :)
Иначе сличкево не ме бендисва, ама то е, не успева секош :)