Испечати

Иванденска погача

Иванденска погача

Состојки

  • за квас
  • 1 свеж квасец
  • по 1 лажичка шеќер и брашно
  • 100 мл. млака вода
  • Останати состојки
  • 100 мл. цеден сок од свеж портокал
  • 200 мл. топла вода
  • изрендана кора од портокал
  • 120 мл. масло
  • 100 гр. шеќер
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 600 - 650 гр. брашно
  • по потреба масло и маргарин
  • по потреба посни шарени бонбони
  • за премачкување
  • 1 лажичка шеќер + малку вода

Подготовка

Наместо кравајчиња, за Иванден овој пат подготвив погачка.
1. Во сад ги ставаме состојките за квасот, ги мешаме и оставаме да се активира квасецот.
2. Ги додаваме течните состојки (сокот од портокал, маслото и водата), шеќерите, мешаме и потоа постепено го додаваме брашното (претходно просејано).
3. Месиме додека да добиеме меко но малку лепливо тесто. Со намрсени раце го обликуваме во топка, ставаме израндана кора од портокал и остваме да нарасне дупло.
4. Тестото пак со намрсени раце го ставаме на подлога со посоп од брашно, рассукуваме кора 1 см. и сечиме кругови со модла со пречник од 9 см.
5. Во намрсена со маргарин тава бр.26 ги редиме скалесто круговите (како на дополнителната слика), на средина ставаме свиткани кругчиња.
6. Премачкуваме со масло, ги редиме шарените шеќерчиња, посипуваме со малку шеќер и оставаме погачата пак да нарасне.
7. Потоа погачата ја ставаме во загреана рерна на 200 степени 20 минути и уште 10 минути на 180 степени. Ја вадиме од рерна и премачкуваме со стопен шеќер со малку вода.
За многу години да е Иванден, честит именден на сите што го слават.