27
јан
2013
Зимска тава со печурки
Излупените компири и моркови, празот и шампињоните исечете ги на крупни парчиња. Претходно потопените суви пиперки и домати исто исечете ги на парчиња. Во земјена тава со масло ставете ги и измешајте ги сите состојки, зачинете и посолете. Врз нив полијте го доматниот сос и 100 мл вода и наросете го сусамот. Вака подготвената тава ставете ја да се пече на 250 степени околу 1 час. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови