Оваа торта беше за роденденот на золва ми. Таа си порача овошна, си доби и многу и се допадна. Е па золве СРЕЌЕН РОДЕНДЕН !

1. Најпрво ги подготвуваме пандишпаните. Ги делиме жолчките и белките во два сада. Белките убаво ги матиме со миксер. Кај жолчките додаваме шеќер и 2 лажици вода и матиме со миксер додека шеќерот не се стопи. Потоа ги додаваме белките и матиме со миксер додека смесата не се соедини.
2. Потоа ги додаваме пецивото, брашното, нишестето и мешаме со лажица. Јас додадов црвена прехрамбена боја за да биде розево, а ако сакате да е кафеаво додадете 2 лажици какао.
3. Печеме во плех обложен со хартија на 200 степени околу 15тина минути (зависно од рерната ) На истиот начин го подготвуваме и другиот пандишпан и ги оставаме да се изладат. Јас ги правам рано наутро и тортата ја филувам вечерта и таман е за јадење наредниот ден.

филови
1. Желатинот го раствараме со 100 мл вода и оставаме да набабри.
2. Во тенџерче на тивок оган го ставаме жолтиот овошен јогурт и додаваме 100 гр шеќер и мешаме да се растопи шеќерот и потоа додаваме пола од желатинот и мешаме да се растопи. Го претураме во длабока чинија и го ставаме во фрижидер.
3. Истата постапка ја правиме и со црвениот овошен јогурт.
4. И ова го направив од сабајле.
вечерта
5. Слатката павлака ја матиме со миксер и ја делиме на два дела. Во едниот дел го додаваме стврднатиот жолт овошен јогурт, а во другиот црвениот и матиме со миксер додека не се соединат смесите.
6. Портокалите ( најдобро е од претходната вечер да ги измиете и да ги ставите да се замрзнат) ги рендаме на крупната страна од рендето заедно со кората и ги додаваме во жолтиот фил, а вишните ( исцедени) во црвениот фил и промешуваме со лажица.

Почнуваме со филување.
1. Пандишпаните ги сечиме на два дела ( 2/3 и 1/3 ) , така што третините од двата пандишпани ќе дојдат на средина.
2. Најдолу ставаме 2/3 пандишпан и филуваме со жолтиот фил. Потоа ги редиме двете третинки од двата пандишпани ( слика) и премачкуваме со црвениот фил  и најгоре завршуваме со 2/3 од вториот пандишпан.

УКРАСУВАЊЕ
1. Слаткат павлака ја матиме со миксер. Прво ја премачкуваме целата торта, а остатокот го ставаме во готварски шприц и ја украсуваме целата торта по желба.
2. Чоколадото со маслото го топиме на пареа и со него пишуваме на тортата.
3. На крај цветчињата се од чоколадни бонбони.

Доколку сакате можете да ја украсите на поинаков начин оставам на вас. Како и да е тортата е многу вкусна, секогаш го правам истиот пандишпан само филовите ги менувам.
Сите што сте љубители на овошни торти ви ја препорачувам, а на лето може да се подготви и со секакво свежо овошје.
На здравје !

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови