Зелник со коприви
Бидна и првиот зелник со коприви за годинава...
Кој е бенефитот од младите коприви, сите добро знаеме...
А, колку е зелникот вкусен...мммм...
Најнапред го подготвуваме тестото.
Од сите наведени состојки замесуваме средно тесто. Го изработуваме убаво и го делиме на два дела, еден поголем, друг малку помал. Премачкуваме со масло и оставаме 10-15 мин., да одморат.
Потоа секој дел го делиме на 8 или 10 топчиња. Ги расукуваме во големина тацна за кафе, премачкуваме со сало и редиме едно врз друго. Работиме на подлога наросена со нишесте. Откако двата дела ги изработуваме, ги покриваме со стреч фолија и во замрзнувач 25-30мин.
После изминатото време уште еднаш ги работиме тестата.
Ги отвораме во голема кора, премачкуваме со сало и диплиме-мачкаме, додека не добиеме правоаголниче. Повторно отстојуваат 30 мин. во замрзнувач.
Наместо сало, можи и маргарин или путер.
Во меѓувреме го подготвуваме и филот.
Копривите ги чистиме, миеме убаво под млаз вода и ги ставаме на оган со вода колку да ги покрие, да се обварат. Штом зовријат, нека поварат малку. Потоа ги цедиме од водата.
(Водата не ја фрлајте, употребе ја за плакнење на косата после миење, за зајакнување на коренот на влакното, против опаѓање на косата-мал совет...)))
Празот ситно го сецкаме и пропжуваме на масло со сол. Ги додаваме копривите. Се заедно пржиме-динстаме. Додаваме уште малку сол. Кога ни се пржени, додаваме брашно, убаво мешаме, додаваме пипер и тоа на кратко да пропржи, па ја налеваме водата. Кратко нека прокрчка. Ги вкусуваме за сол, ако треба додаваме.
Оставаме филот да се излади.
Правоаголната тава ја намрсуваме.
Го отвораме поголемиот дел, малку поголем од тавата бидејќи од него се прави витката. Ја ставаме кората во тавата, го распоредуваме подеднакво филот низ цела површина. Ја отвораме и другата кора и оваа нека биде поголема, бидејќи треба да направиме набори.
Ја правиме витката и целиот зелник го премачкуваме со сало или мрснотијата по желба.
Го печиме во загреана рерна и тоа за време од 30-35мин. на 220 степени или зависно од рерната. Зелникот го поткреваме со вилушка и ако е поруменет одоздола-готов е.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Можи и сушена, но кај нас веќе ги има првите млади коприви...заради топлово време-подранија....
Да пробаш :-)