Зеленчукова чорба со јогурт и просо
Здрава и вкусна чорбичка подготвена за 30 минути.
Подготовката е следна
Во сад на оган на малку масло се пржи ситно сецканиот кромид.
Штом добие кристална боја, се додава останатиот зеленчук, исто така сецкан на ситни коцки.
Се пропржуваат добро колку да омекнат, а потоа се додава просото.
Зачинуваме со мешан зачин и шафран и додаваме вода.
Прво ставаме 1 литар вода и оставаме да вари на тивок оган, а потоа постепено додаваме уште 500 мл, за да ја добиеме потребната густина.
Пред крајот се трга на страна чорбата и се додава јогуртот.
Се промешува добро.
Се наросува црн бибер и ситно сецкан магдонос.
Можете да додадете и босилек.
Се служи топло.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
надче чорбата многу вкусно изгледа :)
лиле, што ќе ти се мерки на шолја, т.е. како гледам на сликата гранд филџан е, кога +/- овде мерката не менува ништо ;)