Зеленчукова чорба со јогурт и просо
Состојки
- 1/2 шоља просо ( во дополнителни слики има слика од шољата )
- 200 гр јогурт
- 1 главица кромид
- 50 мл масло
- 1 поголем морков
- 1 корен од пашканат
- 1 парче целер ( по вкус )
- 1,5 литар вода
- 1 пиперка
Подготовка
Здрава и вкусна чорбичка подготвена за 30 минути.
Подготовката е следна
Во сад на оган на малку масло се пржи ситно сецканиот кромид.
Штом добие кристална боја, се додава останатиот зеленчук, исто така сецкан на ситни коцки.
Се пропржуваат добро колку да омекнат, а потоа се додава просото.
Зачинуваме со мешан зачин и шафран и додаваме вода.
Прво ставаме 1 литар вода и оставаме да вари на тивок оган, а потоа постепено додаваме уште 500 мл, за да ја добиеме потребната густина.
Пред крајот се трга на страна чорбата и се додава јогуртот.
Се промешува добро.
Се наросува црн бибер и ситно сецкан магдонос.
Можете да додадете и босилек.
Се служи топло.
На здравје