Во просеаното брашно додајте сол и зејтин. Спанаќот изблендирајте го и додајте го во тесто. Со додавање на вода замесете тесто.
Во урдата додајте јајце и по потреба сол.
Тесто рассукајте тенко. Извадете кругови со поголема чаша, во круговите ставете урда, преклопете на пола и залепете ги краевитете.
Во тенџере ставете вода да врие и подсолете ја. Во зовриената вода ставете ги варениките да се варат, треба да се варат околу 12 минути.
Сервирајте вареники во чинија, додајте си павлака по желба.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани