9
дек
2014
Зелен чај со свеж ѓумбир
За лековитите својства на ѓумбирот нема да пишувам, само ќе кажам дека чајот е особено освежителен и лековит.
Се става 800 мл вода да зоврие. Ѓумбирот го лупиме и го рендаме на ситната страна од рендето. Откако водата ќе зоврие го ја тргаме на страна и го ставаме ренданиот ѓумбир во неа. Оставаме така 5 минути. После 5 минути го ставаме и зелениот чај и така уште 10 минути. Процедуваме, го ставаме чајот во шољи и засладуваме по желба.
Лиценца: Сите права се задржани