Сочни, мирисни, здрави, вкусни, така можам да ги опишам овие мафини, со кои без грижа на совеста може да се заблажите колку сакате. Со нежна арома на мед и цимет, влажни и сочни одвнатре. Идеални се за вкусен и здрав појадок.

Подготовка

1. Начинот на подготовка е многу брз и едноставен. Сите наведени состојки се ставаат во чашката од блендерот и блендираме до нивно хомогенизирање.
2. Добиената смеса ја ставаме во калап за мафини, во кои имаме ставено хартиени корпички. Ги полниме околу 2/3, бидејќи за време на печењето малку ќе нараснат.
3. Печеме во загреана рерна на 180 степни. Проверуваме со чачкалица кога се готови. Нека оладат врз решетка, па ги дегустираме.

*Забелешка - Јас користев од средната големина на хартиените корпички и добив 6 мафини, а може да користите и силиконски калап за мафини.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани