Здрави бомбици
Брзо, здраво и вкусно заблажување. Може во составот да додадете сецкана сува брусница за збогатување на вкусот, а полнењето од мармалад може да го изоставите. Како сакате . Исто така чоколадирањето не е задолжително, оставете ги така, или извалкајте ги во кокос или ореви.
Подготовка:
1. Морковот го лупиме, миеме, сецкаме на помали парчиња и го ставаме да се вари. Потоа го пасираме со вилушка, го ставаме во длабок сад, каде ги додаваме и останатите состојки. Формираме хомогена смеса од која ќе може да формираме бомбици. По потреба ако е сува смесата додадете многу малку вода, од таа во која ги варевме морковите. Проценете сами. Јас не додадов.
2. Од добиената смеса формираме бомбици, на кои во средината им ставаме малку мармалад. Ги декорираме со растопено чоколадо.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани