Во микробранова, на кратко, омекнете го маргаринот. Додајте ги зачините и убаво соединете. Со помош на прстите, одделете ја кожата на пилето (како на градите така и на делот над копаните). Добиените џебови пополнете ги со половина од филот и убаво распоредете.
Компирите излупете ги. Секое парче компир, по целата должина, засечете го на растојание од 3 до 5 мм. За полесна варијанта, компирот визуелно поделете го на три дела. По средината, на долната третина, прободете стапче за ражничи и засекувајте. Стапчето нема да му дозволи на ножот да оди до крај. Компирите наредете ги околу пилето, на страната на која не се засечени и премачкајте ги со преостанатиот фил. Ставете еден филџан вода, покријте со капак или со фолија и ставете во рерна. На половина од печењето откријте и продолжете со печење.

.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани