31
јул
2012
Замотана пица на мој начин
1. Во длабок сад ги ставаме брашното, растопениот квасец, водата, малку сол, малку зејтин и една белка. Од состојките замесуваме тесто и го оставаме на отстои околу 1 час.
2. Тестото го делиме на два дела (За две пици). Од секој дел расукуваме кора. Кората ја мачкаме со зејтин, кечеп, ги додаваме сецканите маслинки, ориганото и ренданата шунка.
3. Кората ја мотаме во ролат.
4. Замотаните пици ги ставаме во тепсија, ги премачкуваме со жолчката и наросуваме со сусам.
5. Печеме на 200 степени.
Лиценца: Сите права се задржани