![Залив колач со ореви и брусница](https://moirecepti.mk/content/uploads/2021/01/-%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0%d1%87-%d1%81%d0%be-%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%b2%d0%b8-%d0%b8-%d0%b1%d1%80%d1%83%d1%81%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0-d1f1a3-800x600.jpg)
Залив колач со ореви и брусница
Колач кој бргу се подготвува и ме потсетува на детството. Разликата од тој колач од моето детство и овој е што во него имаше суво грозје, а јас го заменив со брусница. Ви го напишав ова за да ако сакате можете наместо брусница да ставите суво грозје.
1. Ги матима јајцата со шеќерот пенасто. Ги додаваме брашното и пецивото. Смесата ја делиме на два дела.
2. Оревите половина ги мелиме, половината ги сецкаме. Брусницата ја сечеме и ја додаваме кон оревите. Чоколадата ја рендаме на покрупно ренде и тоа се додава кон оревите.
3. Во едниот дел од смесата се додаваат оревите, брусницата и чоколадата. Ова се става во тава бр.26 (ако користите делимано не мора да се подмачкува) и се става во загреана рерна на 180 степени. Се запекува 7-8 минути, се вади од рерна и се додава другата половина од смесата. Се пече уште 20 минути отприлика во зависност од јачината на рерната. Најсигурна е проверката со чачкалица за да видите дали е печена.
4. За шербетот, водата,шеќерот и ванилите се ставаат на оган. Треба да врие 7 минути. Со топол шербет се полева ладниот колач.
5. За чоколадниот прелив чоколадата ,путерот, зејтинот и нутелата се топат на пареа и со ова се полева колачот.
Е сега сварете си кафе и наздравје да ви е и десертот и кафето.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови