Ех, колку ми се услади колачов! Морав да го споделам со вас!
Колачот/куглофот е вкусен, сочен, а воедно и крцкав.
Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната да се загрее на 180 степени.
2. Ги мелеме бадемите и ги ставаме во еден сад.
3. Овде додаваме брусница, несечкани ореви, сечкан локум, брашно и сода бикарбона.
Ги промешуваме сувите состојки па ги додаваме влажните.
4. Додаваме масло, шеќер и оризовото млеко.
5. Промешуваме и на крајот ја ставаме ренданата кора од портокал.
6. Калапот за куглоф го намрсуваме и набрашнуваме, па ја распоредуваме смесата.
7. Печеме во загреана рерна на 180 степени.

Забелешка

За да не ви се залепат парченцата локум, сите на едно место,потребно е кога ќе ги соедините сувите состојки, да проверите дали секое парченце е набрашнето. Или пак пред да ги промешате сите суви состојки, локумот извалкајте го во брашно. Бидејќи рерната ми беше зафатена, смесата ја оставив околу ½ час да стои пред да се пече. Пробуваме со чепкалка дали е готов колачот, ако е сува чепкалката колачот е печен.