Заборавени колачиња
Не се викаат заборавени зошто сум го заборавила рецептот, туку зошто навечер ги ставате во загреана рерна и ги заборавате до другиот ден.
Загрејте ја рерната на 190 Ц.
На два плеха од шпоретот ставете хартија за печење.
Матете ги белките со прстофат сол, па кога ќе запенат додајте го лажичето лимон и матете додека не изматите мек снег. Послепено, лажица по лажица додавајте го шеќерот постојано матејки додека не добиете многу густ сјаен снег.
Додајте ги оревите, нугатот и чоколадото и измешајте со лажица.
На хартијата спуштајте купчиња колку една лажица, на растојание околу 2цм додека не се наполнат двата плеха.
Ставете ги во рерна и веднаш исклучете ја рерната. Оставете ги (заборавете ги) преку ноќ.
Другото утро се готови.
Чувајте ги во добро затворела лимена кутија со хартија измеѓу редовите.
Лиценца: Сите права се задржани
Receptot e odlichen !
So poveke od 20 belki visok, samo kolaci za da gi potrosam baram :)))
Ovie, malku obogateni puslici nemaat mnogu angazman, a navistina se vkusni....
Bidejkji imas napipisano lazica po lazia dodavajte od secerot ?
135 gr seker...
Eve povtorno gi zamoluvam MR da se vrati kopceto "IZMENI", ako mozi....
:)
Ti blagodaram za receptot. :)
Se nadevam deka moite kolacina ke vi gi zasladat praznicite.
Fala ti, Srekni Praznici :)
Лили, тнх. за рецептот
Fala ti mnogu !!!
Navistina se mozni poveke otstapki i taka se dobiva po malku razlicen vkus, ama sekogas se ubavi. Baska, em ke si se naspies, em nautro dve tavi gotovi kolaci si imas.
Pravi sega po komsii i reklamiraj go receptot :))))
Alexaars, se nadevam se projde dobro, a ti Beti, zanimavaj se sega so drugo, belkite vo zamrznuvac, pa koga ke im dojde prilika :))))
Мојата комбинација е, чоколадо со лешник и суво грозје, кора од портокал и каранфилче. Немам зборови за тоа како мирисаше цела куќа и колку се колачињата вкусни. Ти благодарам :)
Fala ti! :)
кхм...да да, гледам не сум ќорава. моиве се палачинки :) :) :) :)
шала на страна, ама како и за еклерите на клара, ова ми беше лекција. кај нас во село струјката е послаба, па кога нешто печам морам повеќе да пазам. следниот пат ќе ги попечам барем 5-10 мин на 190 или 5 мин на 200 степени, па ќе изгасам рерна. мислиш тоа ќе биде добра опција? :)
на вкус се супер, пресупер, а и полесно за спремање не може да биде :)
п.с. фалиш....