Заборавени колачиња
Состојки
- 2 белки
- 1 лажичка сок од лимон
- 100 гр крупно сечени ореви
- 85 гр нугат исечен на коцкички
- 85 гр темно чоколадо (над 70% какао) исечено на коцкички
- прстофат сол
- 135 гр шеќер
Подготовка
Не се викаат заборавени зошто сум го заборавила рецептот, туку зошто навечер ги ставате во загреана рерна и ги заборавате до другиот ден.
Загрејте ја рерната на 190 Ц.
На два плеха од шпоретот ставете хартија за печење.
Матете ги белките со прстофат сол, па кога ќе запенат додајте го лажичето лимон и матете додека не изматите мек снег. Послепено, лажица по лажица додавајте го шеќерот постојано матејки додека не добиете многу густ сјаен снег.
Додајте ги оревите, нугатот и чоколадото и измешајте со лажица.
На хартијата спуштајте купчиња колку една лажица, на растојание околу 2цм додека не се наполнат двата плеха.
Ставете ги во рерна и веднаш исклучете ја рерната. Оставете ги (заборавете ги) преку ноќ.
Другото утро се готови.
Чувајте ги во добро затворела лимена кутија со хартија измеѓу редовите.