Овесни снегулки

Од цели зрна кои природно содржат големо количество на диететски влакна, фосфор, железо, магнезиум, цинк и витамин Б1. Со природно сладок вкус, овие житарки се вистински избор за вкусен и избалансиран појадок.

Упатство за подготовка

Саканата количина житни снегулки се прелива со млеко, јогурт (обичен или овошен), или чај по желба, оставате 15 минути да омекнат, потоа се консумираат. Производите може да се комбинираат со овошје и семиња.

Фини овесни снегулки

Од цели овесни зрна кои природно содржат големо количество на диететски влакна, важни минерали, витамини и протeини. Природно поседуваат висока содржина на фосфор, железо, магнезиум, цинк и витамин Б1. Со природно сладок вкус, овие житарки се вистински избор за вкусен и избалансиран појадок.

Упатство за подготовка

Саканата количина овесни снегулки се прелива со млеко, јогурт (обичен или овошен), или чај по желба, го оставате 15 минути за да омекне, потоа се консумира. Производот може да се комбинира со овошје или други житарици.

Пченични снегулки

Од цели пченични зрна кои природно содржат големо количество на диететски влакна, важни минерали, витамини, протеини и ниска содржина на масти.

Претставуваат природен извор на калиум, магнезиум, железо, цинк, пантотенска киселина, витамин Б6 и природно поседуваат висока содржина на фосфор, манган, бакар и фолна киселина. Поради богатиот минерално – витамински состав, пченичните снегулки се одличен избор за почеток на денот.

Упатство за подготовка

Саканата количина на снегулки прелијте ја со млеко, јогурт, чај или сок по желба. Оставете ги 15 минути да омекнат и конзумирајте. Може да се комбинира со овошје, или други снегулки.

'Ржани снегулки

Од цели зрна ‘рж кои природно содржат големо количество на диететски влакна, важни минерали, витамини, протеини и ниска содржина на масти.

Претставуваат природен извор на калиум, магнезиум, железо, цинк, пантотенска киселина, витамин Б6, а природно поседуваат и висока содржина на фосфор, манган, бакар, витамин Б1 и фолна киселина. Поради богатиот минерално – витамински состав, ‘ржаните снегулки се одличен избор за почеток на денот.

Упатство за подготовка

Саканата количина на снегулки прелијте ја со млеко, јогурт, чај или сок по желба. Оставете ги 15 минути да омекнат и конзумирајте. Може да се комбинира со овошје, или други снегулки.

Јачменови снегулки

Од цели јачменови зрна кои природно содржат големо количество на диететски влакна, важни минерали, витамини, ниска содржина на масти.

Претставуваат природен извор на калиум, железо и цинк, а природно поседуваат и висока содржина на магнезиум, манган, бакар, фосфор, хром, витамин Б1 и Б6 како и фолна киселина.

Поради богатиот минерално – витамински состав, јачменовите снегулки се одличен избор за почеток на денот.

Упатство за подготовка

Саканата количина на снегулки прелијте ја со млеко, јогурт, чај или сок по желба. Оставете ги 15 минути да омекнат и конзумирајте. Може да се комбинира со овошје, или други снегулки.

4 житни снегулки

Од цели јачменови, овесни, ‘ржани и пченични зрна избалансирани во еднаков сооднос. Содржат големо количество на диететски влакна, важни минерали, витамини и протеини. Претставуваат природен извор на калиум, магнезиум, железо, бакар и витамин Б6. Природно поседуваат и висока содржина на цинк, фосфор, манган, витамин Б1 и фолна киселина. Поради богатиот минерално-витамински состав, 4 житни снегулки се одличен избор за почеток на денот.

Упатство за подготовка

Саканата количина на снегулки прелијте ја со млеко, јогурт, чај или сок по желба. Оставете ги 15 минути да омекнат и конзумирајте. Може да се комбинира со овошје или други снегулки.

Натура е создадена од баланс на квалитетни, природни и внимателно избрани состојки, традиција и најсовремена технологија со цел да му понуди на современиот потрошувач избрани прехранбени производи во согласност со новите потреби за енергија и здрава исхрана. Брендот нуди здрави и вкусни начини за одржување на избалансирана исхрана и благосостојба на организмот.
За секоја пауза во текот на денот, еден Натура оброк е совршено избалансиран со растителни протеини, влакна и калории, за да му понуди на организмот она што му треба, со неверојатен вкус на вистинско овошје. Во движење, секој ден, секогаш кога ни е потребен 100 % природен оброк.
Производите се создадени со екстремна прецизност и страст од страна на семејната компанија, која го посветува целото внимание во создавање на едноставни, пријателски производи, различни од сите други индустриско стандардизирани. Целосното производство е во согласност со HACCP, HALAL и со ISO9001: 2008 QMS стандардите. Сите суровини и финални производи редовно се контролираат во овластени лаборатории за контрола на квалитет.