За мене оваа е највкусната смеса за поховање на жабји копанчиња или од стекот да направиме „Пилешки залаци“, необичен - но пријатен вкус.
Припрема
Жабји копани
1. Со миксер изработете ги јајцата, во нив додадете го брашното, пивото, исцедениот сок од лимонот, сенфот, вегетата и солта.
2. Секое спремано копанче поховајте го во оваа смеса - односно едноставно брцнете го - извадете и пржете на загреан зејтин.
Пилешки залаци
Пилешкиот стек исечете го на коцки, - понатаму се исто како предходно напишано. Додека ги пржите ќе забележите дека тие добиваат на форма како крофни... одлично мезе и по повод на слави...

Толку - кратко и јасно, а ке спремите навистина и за себе и за гости едно убаво изнеадување. Мака мачев додека дојдов до оригиналниот рецепт и тоа од самиот кувар кој ги спрема во еден ресторан, бев неумолива...ама така вкусни, е зошто да не си ги спремиме дома... тие ги кријат рецептите, но еве јас јавно го напишав и нивната тајна е веќе обелоденета....

Забелешка
Жабјите копани ги купувам веке спремани и очистени, на мене ми останува само да ги похувам... напишав 1 кгр. , но зависно колку се големи или мали... може со оваа добиена смеса и поголема количина да се похува...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани