Подготовка:

1. Урмите ги ситниме во блендер. Во длабок сад ги ставаме овесните снегулки и урмите. Го додаваме еспресото и млекото, промешуваме со лажица. Ја оставаме смесата да стои 20-30 минути, да набабрат овесните снегулки.

2. Смесата ја делиме на половина. Во едниот дел го додаваме какаото и промешуваме. Во чаша на дното ставаме од кафеавиот дел, а врз него од белата смеса. Во блендер ги ставаме боровинките, грчкиот јогурт и агаве сирупот. Блендираме. Ставаме од овошниот прелив врз овесната каша.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани