Есенски кремаст десерт со тиква
Десертов е со опоен вкус и мирис на есен...Брзината на подготовка е експресна, само треба да имате испечено тиква... Подготовка 1. Тиквата ја печеме на стандарден домашен начин. Во тавче ги ставаме кришките пресечена тиква и ги печеме во загреана рерна на околу 200 степени. Откако ќе омекне, ја ладиме, па ја консумираме или си подготвуваме десерти со неа. 2. Печената тиква ја ставаме во Нутрибулет или блендерот кој си го користите. 3. Ги додаваме останатите состојки т.е. слатка павлака, цимет, урмите, брусница, мед и ореви. Блендираме додека смесата да стане кремаста. 4. Сервираме во длабоки тањирчиња или чашки. Го посипуваме со мелени ореви, ставаме јатка орев и сечкана брусница. Забелешка Урмите не ги откиснав во вода, само ги ставив на мелење, мекички беа и немаше потреба, веднаш ги сомле Нутрибулетот. На печената тиква и ја отстрануваме кората, се разбира ако сме ја печеле со кора. Мојот мед е во кристализирана состојба, па така да точно не знам колку би биле лажици во течна сестојба, ама калкулирајте според слаткоста која ја сакате во десертот. Еве отприлика нека биде како во состојки што сум запишала, а јас ставив три преполни лажици кристализиран мед.