Енергетски Бомбици (од 2 состојки)
Здрав десерт, направен од само 2 состојки, кој се подготвува многу брзо, без печење, само со процесор за храна. Идеални се за на работа, за во природа, за екстра енергија, дали како десерт или како меѓу оброк сеедно.
Подготовка
1. Во електричен сецко ги ставаме зрната какао - јас ги излупив, ги сецкаме (јас ги исецкав погрубо, но вие може и потполно да ги сомелете). Потоа во садот ги додаваме и урмите, го уклучуваме сецкото до добивање на хомогена смеса. Сецкаме со прекини во неколку наврати се со цел да го одмориме сецкото.
2. Формираме бомбици со големина по желба. Смесата треба да биде леплива, но исто така и лесна за формирање.
Забелешка - Овие бомбици, освен што се енергетски, исто така се идеални за подобрување на крвната слика. Во принцип се користат на гладно по 1 бомбица направена од по 2-3 урми со 2-3 зрна какао, па според тоа дозата одредете си ја сами, соодносот на зрна какао и урми е ист. На пример ако ставите 20 зрна какао, ставете и 20 урми, и ќе добиете 10 бомбици за секојдневна енергија и добро здравје.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани