Подготовка:

1. Тесто- во блендер ги ставаме спанаќот, јајцето, јогуртот и овесните снегулки. Блендираме. Во смесата ги додаваме мелениот лен, мелениот сусам, солта и пецивото. Ја блендираме смесата.
2. Во плех обложен со хартија ја ставаме смесата и ја распределуваме рамномерно. Печиме во загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути, зависно од рерната. Печеното тесто, додека е топло, го завиткуваме во влажна кујнска крпа, замотуваме и оставаме да се олади. Откако ќе се излади ја вадиме хартијата за печење.
3. Фил- Во длабок сад го ставаме сирењето, го дробиме со виљушка. Ги додаваме павлаката/ грчкиот јогурт и ориганото. Мешаме. Со филот го премачкуваме тестото. Го распределуваме кашкавалот врз филот. Виткаме ролат. Сечеме парчиња со големина од 1,5 цм. Ги редиме во форма на елка. Украсуваме на врвот со ѕвезда кашкавал и лампиони од кашкавал и шери доматчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани