Оваа салата е омилената салата на татко ми. Кога правиме грав за ручек обавезно си става од сварениот бел грав во чинија и го јаде како салата.
Се спрема брзо ако е гравот веќе сварен. Значи во чинија се става незапржен грав заедно со чорбичката. Ситно се сецка кромид по вкус и се става во чинијата. На крај се зачинува со сол, бибер, масло и оцет и се промешува.
Толку е едноставно, а неверојатно вкусно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани