6
апр
2013
Едноставна грав салата
Оваа салата е омилената салата на татко ми. Кога правиме грав за ручек обавезно си става од сварениот бел грав во чинија и го јаде како салата.
Се спрема брзо ако е гравот веќе сварен. Значи во чинија се става незапржен грав заедно со чорбичката. Ситно се сецка кромид по вкус и се става во чинијата. На крај се зачинува со сол, бибер, масло и оцет и се промешува.
Толку е едноставно, а неверојатно вкусно.
Лиценца: Сите права се задржани
без киселина (следна прилика ќе ставам малку да пробам и така, но плус со нане и буковец)
http://moirecepti.mk/post/%D1%81%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B2-%D0%B8-%D1%82%D1%83%D0%BD%D0%B0
П.С.: Не се разбацавам со коментариве за да изигравам нешто „паметна“, ами онака моментот, како слични ме поведе. Можеби како што јас следна прилика ќе приготвам по твојот рецепт, на татко ти ќе му се допани некоја од овие слични варијации. Поздрав Алекса :)
А за татко ми што да ти кажам. Може да јаде грав за доручек, ручек и вечера. Не се сомневам дека би му се допаднале и твоите варијанти. Може некогаш да го изненадам со поинаква салата :)
pa ke probame i vaka.