
22
окт
2014
Едноставен прилог од спанаќ
Спанаќот исчистете го и измиете го.
Во тенџере ставите вода и оставете го да зоврие. Потоа додајте го спанаќот и оставете го да вари 2-3 мин. Убаво исцедете го од водата и малку исецкајте го.
Во тава стопете го путерот, додајте го спанаќот и сол по вкус. Измешајте го и пржете го сосем малку колку да се соедини со путерот.
Подготвениот спанаќ одма додека е топол распоредетего во четири чинии и посипете го со по една лажица пармезан.
Послужете го како додаток на печено, пржено месо, колбаси и сл.
Лиценца: Сите права се задржани