Едноставен Куглов
Брзо, лесно, вкусно, идеално со кафе или чаша млеко.
Подготовка
1. Јајцата ги матиме пенасто со постепено додавање на шеќерот, ја додаваме и ванилата. Потоа ги додаваме останатите наведени состојки, по наведениот редослед, а брашното се додава на крај и соединуваме со бавни движења со шпатула.
2. Смесата се дели на 2 дела, едниот останува ист, а во другиот дел го додаваме какаото (преку цедалка).
3. Во намрсен калап за куглоф ја истураме прво светлата смеса, па смесата со какао. Печеме на тивко (150 степени) проверуваме со чачкалица.
4. Врз испечениот и оладен куглоф ставаме чоколаден прелив и шеќер во прав.
Забелешка - Доколку сакате водата може да ја замените со ладно млеко.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани