Слатка овошна закуска за час....

Подготовка
1. Ако имате кришки леб нив ги премачкуваме со кокосово масло. Ги потпекуваме кратко во рерна, па ги ладиме.
2. Ако имате двопек премачкајте го со кокосов путер или масло, па загрејте ги кратко во рерна колку да се растпи путерот ама и не мора.
3. Потоа ги премачкуваме со чоколаден крем и редиме врз него тенки парчиња банана и киви.
4. Преливаме со чоколаден прелив и со прелив од малини. На крајот додаваме рибизли и боровинки.

Уживајте!

Забелешка
Потпекувањето на лепчето може да го подготвите во апарат за готвење со топол воздух, на тостер, во рерна или сл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови