Испечати

Егзотичен овошен двопек

Егзотичен овошен двопек

Состојки

  • по потреба парчиња двопек или тенки парчиња леб
  • кокосово масло/путер
  • чоколаде крем
  • банана и киви
  • чоколаден и малина прелив
  • рибизли и боровинки

Подготовка

Слатка овошна закуска за час....

Подготовка
1. Ако имате кришки леб нив ги премачкуваме со кокосово масло. Ги потпекуваме кратко во рерна, па ги ладиме.
2. Ако имате двопек премачкајте го со кокосов путер или масло, па загрејте ги кратко во рерна колку да се растпи путерот ама и не мора.
3. Потоа ги премачкуваме со чоколаден крем и редиме врз него тенки парчиња банана и киви.
4. Преливаме со чоколаден прелив и со прелив од малини. На крајот додаваме рибизли и боровинки.

Уживајте!

Забелешка
Потпекувањето на лепчето може да го подготвите во апарат за готвење со топол воздух, на тостер, во рерна или сл.