Насловот евтина, почнува уште во продавницата, кога ја купував, со самата цена на обландата. Случајно кога посегнав по неа видов и испишан рецепт од производителот. Секако дека воопшто не беше точен во мерките ама идејата уште таму се зацрта, за едно маалско засладување, без многу трошок. Базата на идејата ми беше од наведениот, предложен рецепт, секако со мои дотерувања и додатоци, како рум шеќерот кој особено го сменува обичниот вкус.

Подготовка

1. Ставете ги водата и шеќерот да зовријат и да вријат минута-две уште. Тргнете од рингла и додадете рум, ванила шеќер и чоколадото искршено на коцки. Мешајте да се стопи и соедини. На крај додадете ги бисквитите. Во зависност од изборот на бисквити оди и нивната количина.

2. Поделете го филот на 4 дела или отприлика ставајте по 5-6 лажици на една кора. Филувајте на крупната страна.

3. Филуваните обланди, покријте ги со тежок предмет додека се здрват, потоа сечете ги на посакуваните форми и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови