Овој рецепт прв пат го правев и е одличен, се попарува со шербет но и така само печени се преубави.
Од јајцата шеќерот, маслото, пециво и брашното се меси тесто се додаваат и оревите. Со намрсени раце се прават долгнавести форми и се редат на подмачкано тавче од оваа смеса (мене ми излегоа 16 парчиња) и потоа се печат на 200 степени додека заруменат и се оставаат да се изладат.

Водата и шеќерот се ставаат да зовријат и се вари шербет, но не многу густ малку поредок и се додава ванилата. Се остава да постои 5 минути и се истура врз блакцата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови