Домашно сушено месо
Ова месо може да биде убаво мезе за престојните празници.
Подготовка:
1. Месото исечете го на помали парчиња за побрзо да ви се исуши. Парчиња месо ставете ги во една кутија, посипете со сол, за да го покрие. Оставете во фрижидер на 24 часа.
2. Потоа извадете го месото од сол, измијте го, ставете го во вода на 2 часа, да да не биде многу солено. Извадете го од вода и просушете го со хартиени крпи.
3. Изрендајте лукче, додајте црн пипер и црвен пипер, додајте малку вода и промешајте. Со оваа смеса премачкајте го месото. Потоа месото закачете го на конец и ставете го во ладно место, да се суши 5-6 дена.
4. Сушеното месо сечете го на танки парчиња, попрскајте со лимон и уживајте!
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
Сликата, прекрасна ❤