
Домашно лепче со семки
Преубав мек леб. Се меша со лажица, не се меси со рака.
Подготовка:
1. Квасецот растворете го со водата и додајте многу малку шеќер. Додајте го брашното, солта и маслото, а потоа и различните видови на семиња. Зачинете со буковец. Мешајте убаво со лажица дрвена и оставете да надојде.
2. Уште еднаш промешајте штом ќе порасне тестото, а потоа префрлете го во тава, што претходно сте ја намрсиле со маргарин. Попрскајте го со малку брашно на површината. Оставете пак да нарасне и печете во загреана рерна.
3. Кога е печен оставете да одмори малку, па вадете. Имате преубав крцкав и вкусен мек леб.
Нека ви е на здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови