Нема поубаво од домашно подготвена тестенина. Разликата е огромна со купената. Уште ако имате алатки за полесна подготовка на радоста и нема крај. Мерката која ја напишав е за еден човек, а јас обично за нас четворицата подговувам од 5 јајца.

1. Убаво измесете го тестото и оставете го да се одмори еден час. За калапот кој јас го имам, со 62 отвори, за една кора треба отприлика 90 гр тесто.

2. Го сучам со доста брашно, со големина на калапот и го ставам врз него. Со рака малку ќе притиснам и во секое дупче се става од филот. Одозгора се става уште една исукана коричка и со сукалото се поминува над тестото. Вишокот тесто отстранете го и превртете го калапот. Готовите равиоли ќе испаднат од него. Нормално, ако немате калап тогаш може и рачно да ги исечете.

3. Равиолите се варат во посолена вода, 8-10 минути максимум.

За сосот:

Загрејте путер, пропржете сланина во него, додајте павлака. Кога ќе зоврие додајте го лукчето и пармезанот, нека повари две три минути и сервирајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови