
Домашна тава со ќофте и тиквички
Одлична тава, лесна за подготовка, ама и вкусна, која на моето семејство многу му се допаѓа. Тиквичките се топат во уста, а комбинацијата на кромид и ориз ни е омилена. Се разбира и ќофтето и дава посебен шмек на оваа домашна тава, па ако сте за ваков едноставен и вкусен ручек, повелете рецепт.
Подготовка
1. Меленото месо го зачинуваме по вкус, ги ставаме лебните трошки и од него формираме топчиња или ќофтиња. Ги пржиме во масло и ги тргаме на страна.
2. Тиквичката ја лупиме, ја сечкаме на коцки.
3. Кромидот го сечкаме на ситни парчиња, може и во сечко, па го упржуваме на масло. 4. Ги додаваме тиквичките со оризот и сосема кратко ги упржуваме заедно со зачините по вкус и желба.
5. Целата смеса ја ставаме во тава, налеваме 1-2 чаши вода, колку да биде целата смеса покриена во вода, за убаво да се свари оризот.
6. Ги редиме ќофтињата во тавата и ставаме во рерна да се пече на 220 степени. Готово е кога ќе биде сварен оризот.
Лиценца: Сите права се задржани