Благодарност до братучетка ми за сокот од лимон.
Бојата и вкусот одлични.

Мајка ми ги спремаше и со замрзнати портокали, но сега еве го рецептот кој што јас го добив од Мелита.
Пред да го почнете овој рецепт ставете ги лимоните и портокалите во сад со вода и сода.
Нека постојат половина час.
Потоа изрендајте ги со се кората или ставете ги во сецко.
Полејте ги со вода и додадете им го медот, шеќерот и лимонтоусите.
Измешајте ги убаво и поклопете ги.
Оставете ги така 24 часа, а потоа прецедете ја течноста.
Наполнете ја во шишиња.
Сокот има малку горчлива жичка од кората.
Ви го препорачувам да го конзумирате ладен.

Забелешка
Рецептата е таа, иако јас мислам дека може да се скрати на лимонтуси.
Барем јас многу не ги сакам...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови