Подготовка:

1. Водата, двата шеќери и капучиното убаво измешајте ги и ставете ги во сад на оган да зовријат.
2. Откако ќе зовријат, тргнете ги и оставете сосема да излади смесата.
3. Во сосема изладената капучино смеса, наизменично додавајте од румот и слатката павлака, полека мешајќи, додека да ја добиете познатата капучино боја на Бејлис ликерот.
4. Потоа ставете го во стаклено шише или бокалче со капак во фрижидер.

Ви посакувам среќни празници засладени со овој преубав пијалок.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови