Десертов е вистинска наслада!

Подготовка
1. Дел од млекото ставаме да зоврие, а во дел раствораме прашок за пудинг и шеќер.
2. Откако ќе зоврие ја истураме растворената смеса и мешаме до згуснување.
3. Кога ќе се свари пудингот додаваме чоколадо и путер па мешаме до соединување. На крајот ја додаваме и слатката павлака, соединуваме.
4. Кремот веднаш го распоредуваме во чаши и го оставаме да се излади.
5. Потоа ставаме по 1-2 лажица мелени бисквити во чашата врз пудингот.
6. Ги редиме круговите банани на ѕидовите внатре во чашата.
7. Матиме слатка павлака и неа ја ставаме во чаша и декорираме по желба и вкус.
8. Декорацијата ја направив со кругови банана, рендано чоколадо и прелив од малини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани