Уште една чоко торта за вашиот роденден, драги наши пријатели, помагачи во кујната, со вашите прекрасни садови за подготовка на храна, електрични уреди,.........
Тортата е подготвена во калап со обрач на Делимано, бр 20
Прво го подготвуваме тестото, основата на чоко тортата.
Во сад ги ставаме белките, матиме со миксер, додаваме шеќер, а потоа со исклучен миксер ги додаваме брашното, пецивото и лешниците.
Со шпатула соединуваме.
Смесата ја ставаме во калапот и печиме околу 10 м на 180 с.
Оставаме тестото да се излади.
Во една касерола ги ставаме млекото, шеќерот, жолчките, брашното и соединуваме убаво со жица.
Ја ставаме касеролата на оган и го вариме кремот до згуснување.
Во жешкиот крем го додаваме и путерот и енергично промешуваме за да ја изедначиме кремата убаво.
Кремот го делиме на два дела.
Во првиот дел ставаме лешници и наполитанки.
Соединуваме.
Овој крем го нанесуваме врз тестото и израмнуваме.
Во вториот дел од кремот го ставаме растопеното чоколадо.
Него го нанесуваме врз првиот крем.
Ја оставаме тортата во фрижидер 1 час.
Потоа го одстрануваме обрачот и ја декорираме со растопено црно и бело чоколадо.
Сечеме на парчиња и сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани