Подготовка:

1. Кајсиите се мијат, се чистат од семките, се посипуваат со шеќер, се додава вода и се оставаат во фрижидер да стојат 8 до 10 часа. По желба може да се сомелат претходно.

2. Се ставаат на умерен оган да се варат. Доколку се цели, после 15 минути се поминуваат со стапчест миксер. Не треба да се вари многу. Доволно е 20 до 25 минути

3. Потоа се процедува низ цедалка и течноста се собира во чисти, жешки шишиња. Се завиткуваат во ќебе и се остава така до наредниот ден, кога оди на рафт за зимница. 

* Овој рецепт е дел од изгубените рецепти.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани