Свинскиот џигер убаво се мие.Се сечи на ленти кои потоа се валаат во брашно.
Кромидот се сече на коцки,лукот ситно се сечка а печурките на четвртинки.
На малку масло,прво се пропржува кромидот,а потоа на кратко и лентите џигер и лукот.
Се динста со повремено додавање на телешката супа,за џигерот да омекне.
Пред самиот крај се додаваат печурките,сенфот и зачините по вкус.Се остава на умерена температура се додека не се добие соодветна густина.
Во готовото јадење се промешува павлаката и се поросува со сечкан магданос.
Препорачливо е да се послужи со пире.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани